За нас

Билети Дооел е компанија која се занимава со продажба на влезници за сите видови на настани. Нашиот софтвер за продажба е софистициран, модерен и во согласност со потребите и барањата на клиентите.

Софтверот Билети е наменет за менаџмент на билети и е производ на еден исклучително посветен и професионален тим со долгогодишно искуство во ИТ секторот од една страна и огромно искуство во менаџирање на настани од друга страна.

Билети Мк е наменет за набавка на билети, но и за менаџмент на настаните од страна на организаторите. Преку овој софтвер може да се продаваат билети за секаков тип на настани (физички и онлајн). Тој е целосно во склад со модерното време и потребите на организаторите за нови форми на настани.

Брз и едноставен за употреба, Билети Мк ќе стане Вашиот партнер во процесот на организација на настан, но и место каде ќе можете да ги следите настаните кои се од Ваш интерес.

Билети Мк е онлајн сервис, не користи печатени билети, нема потреба од продажни места, и е достапен 24/7. Клиентите немаат потреба од дополнителни трошоци за печатење на билети, купувачите својот билет можат да го зачуваат во својот мобилен телефон или да го отпечатат на принтер и само преку единствениот код кој се наоѓа на билетот можат да влезат на настанот.

Билети Мк е модерен и иновативен софтвер кој ќе го олесни работењето на организаторите при менаџмент на влезниците за нивните настани а на посетителите ќе им понуди полесен и поедноставен начин на набавка на билети.
Bileti

Билети ДООЕЛ Скопје
Ул: Дане Крапчев бр. 11-4
1000 Скопје
contact@bileti.mk

© 2024. bileti.mk. Сите права се задржани.